речник контакт

Борец - Пролет Тинекс 22:26 ( 8:12)

Ракометарите на Борец го загубнија на домашен терен клучниот натпревар за опстанок во супер лигата и ќе играат бараж за опсаток

Петар Печков

Победа за екипата на Тинекс Пролет, со која уште на стартот  ги откажа надежите на домаќините дека ќе го избегнат претпоследното место од Супер лигата. Во директниот дуел кој одлучуваше за избегнување на дното од табелата, скопјани се покажаа како подобра екипа и  со сигурна игра стигнаа до трите бода во Велес.

Амбициозните домаќини, кој најавуваа победа за бегство од последното место, кое води во разигрувањето за опстанок,  немаа сила да направат резултат кој ќе им биде во полза. Првите 15-тина минути беа  изедначени и неизвесни. Тогаш гостите  од 5:6  во 19-тата минута, создадоа предност од 4 гола  во 25-тата минута, 7:11 која ја сочуваа до крајот на натпреварот. Велешани помогнати од полната сала, се обидуваа да направат пресврт и израмнат, но во клучните моменти имаа грешки при додавањето па топките лесно ги губеа или Мисовски бранеше.

Неодигрувањето на ниту еден контролен натпревар во подготвителниот период, влијаеше на играта но и знаењето за капацитетот на одделни ракометари. Домаќините пак и гледачите жестоко реагираа на судиските одлуки во вторите 30 минути, незадоволни од неуедначениот критериум на судиската двојка, поради што тренерот Шопов доби и црвен картон. Ангеловски со 10 и  Стефановски со 6 гола, како и голманот Мисовски со  12 одбрани беа решавачки за победата на скопјани, додека кај домаќините Андоновски забележа шест погодоци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »